X
 30.11.2017 Живот

Монте Тестакио - римскиот рид создаден од 50 милиони скршени бокали за маслиново масло

Можеби е еден од најголемите купови од ѓубре направени од човекот. Лоциран во Рим, датира уште од 140 година пр.н.е., Монте Тестакио е рид кој покрива површина од околу 650 квадратни километри. Направен е, ни помалку ни повеќе, од 53 милиони искршени римски бокали што се користеле за транспорт на маслиново масло во античко време. Како остатоците завршиле тука?

фото извор: Flickr Commons

Локацијата е блиску до „Хореа Галбае“ – огромен комплекс од магацини за јавна набавка со жито, како и вино, храна и градежен материјал. Како што бродовите доаѓале носејќи ги резервите со маслиново масло, така транспортот на бокалите бил во помали контејнери и помали садови кои се оставале во непосредна близина. Бокалите не можеле повторно да се користат бидејќи маслото оставало впечатлив мирис. 

фотоизвор: Flickr Commons

Економијата на античките Римјани во голема мера зависела од маслиновото масло. Повеќе од 250 години огромен број бокали исполнети со маслиново масло доаѓале преку бродови од римските провинции до самиот град, каде што биле празнети, а потоа носени во Монте Тестакио и фрлани во отпадот. Бидејќи нема доволно литература за оваа тема, потребно е да се изучуваат и да се анализираат самите бокали за да се одговори на некои прашања како, на пример, како функционирале работите во тој период, колкава контрола имал императорот врз оваа област и кои сектори биле поддржани од државата, па функционирале на слободниот пазар или, пак, во приватниот сектор.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот