X
 04.12.2017 Живот

Неделна временска прогноза: Какво време да очекуваме во текот на оваа скратена работна недела

Денес е понеделник, 4 декември 2017 година, 338-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:38, а ќе зајде во 16:08 часот. Денот ќе трае 9 часа и 30 минути. Ова утро во Македонија имаме претежно облачно и посвежо време со утрински температури кои што се во опаѓање во однос на изминатите денови. Локално во крајните западни предели со услови за слаб дожд, а на планините провејува слаб снег.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес во утринските и претпладневните часови ќе биде претежно облачно, ветровито и свежо време, а во крајните западни и северозападни предели со услови за слаби локални врнежи од дожд, а на ридско-планинските предели и на планините со провејувње на слаб снег. Попладне намалување на облачноста и повремени сончеви периоди. Ќе дува доумерен западен и северозападен ветер. Минималните температури од -3 до 6 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 2 односно до 13 степени.

СКОПЈЕ - Во Скопје денес во утринските и претпладневните часови ќе биде претежно облачно, ветровито и свежо време, попладне намалување на облачноста и услови за повремени сончеви периоди. Ќе дува доумерен северозападен ветер. Утринската температура од 3 степени, а максималната дневна ќе достигне до 10.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Порадии продорот на ладна воздушна маса од север и во следните денови ќе продолжи трендот на пад на температурите, како на утринските така и на дневните. Во вторник и среда студено утро со утрински температури кои што ќе се движат во интервал од -7 до 1 степен, а во текот на денот ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, ветровито и свежо време со дневни температури од 0 до 10 степени. Со напомена дека во среда во попладневните часови облачноста ќе се намалува и се повеќе сончеви периоди. Во четврток и петок студено утро со минимални температури од -9 до -1 степен, а во текот на денот ќе биде претежно сончево и потопло време со пораст на дневните температури кои што ќе се движат во интервал од 2 до 12 односно од 0 до 10 степени.

СКОПЈЕ 5 ДЕНА - Во Скопје во вторник умерено облачно време со повремени сончеви периоди, ветровито и студено време со дневна температура до 6 степени. Во среда студено утро со утринска температура од -2 степени а во текот на денот претежно сончево со појава на локална облачност, ветровито и студено време со максимални 6 степени. Во Скопје во четврток и петок по студеното утро со температура од -4 степени, во текот на денот ќе биде претежно сончево и потопло време со максимални 8 односно 6 степени.

КВАЛИТЕТ НА ВОЗДУХОТ - Според измерените податоци во 6 часот ова утро на сите мерни места имаме ниско ниво на загаденост на воздухот. Во изминатите 24 часа, особено вчера во вечерните часови како и во текот на ноќта недела кон понеделник речиси насекаде со исклучок на Битола и Лазарополе имавме високо ниво на загаденост на воздухот, особено големо количество на штетни пм 10 честички во воздухот, и тоа: Скопје од 13 до 410 микрограми на метар кубен - највисоката вредност е измерена во Лисиче, Кавадарци 251 микрограми на метар кубен, Кочани 177 микрограми на метар кубен, Куманово 158 микрограми на метар кубен.

weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот