X
 08.12.2017 Образование

Првпат во 14 години најдобриот универзитет во светот не е од Америка

prinston
Фото: Wikimedia Commons

Првпат во 14 години американските универзитети не се најдоа на врвот на ранг-листата со најдобри универзитети во светот, според „Times Higher Education World University Rankings“ што ја објави ранг-листата за 2018 година.

„Оксфорд“ и „Кембриџ“ од Велика Британија се најдоа на прво и на второ место, соодветно.

„Times Higher Ed“ направи ранг-листа на најдобрите 1.000 универзитети во светот земајќи ги предвид факторите како предавање, истражување и влијание за да ги смести на соодветно место. Исто така, ги зеде предвид квантитативните фактори, како на пример колку пати трудовите од универзитетот се цитирани од научниците, а ги зеде предвид и квалитативните фактори, како истражувањата.

Ниту еден македонски универзитет не се најде меѓу најдобрите 1.000.

Во продолжение проследете ги најдобрите 10 универзитети.

ГАЛЕРИЈА
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование