X
 09.12.2017 Забава

Нова сезона на „Црно огледало“ - нови трејлери од филмови и серии

Вљубеници во филмот, ова се новите трејлери од филмови и серии за оваа недела:


1. „Одмаздници: Бескрајна војна“

Едноставен трејлер кој не го заморува гледачот со многу брзи акциски сцени, а се осврнува на хероите на Марвел и огромната закана што им претстои. Филмот излегува на 4 мај.



2. „Сите пари на светот“

Откако го снимил филмот, Ридли Скот решил да го отстрани Кевин Спејси и да го замени со Кристофер Пламер. Сепак, успеале за 3 недели да го завршат филмот, а премиерата е закажана за 22 декември.



3. „Црно огледало“

Серијата се враќа со 4 сезона, а епизодата „Црн музеј“ е можеби најморничавата. Но, уште нема официјален датум кога ќе биде премиерата на новата сезона.



4. „Цвет“

Премиерата е закажана за 16 март наредната година.



5. „Чистокрвни“

Поинтензивен, стилски, смешен филм. Трејлерот е исполнет со одлични кадри и непријатни моменти кои е невозможно да не ги гледате. Премиера на 9 март.



6. „Марија Магдалена“

Чудна библиска адаптација.



7. „Месечината на Јупитер“

Филм кој истовремено е прекрасен, тажен и чуден – приказна за бегалец кој има способност да левитира. Премиерата во Велика Британија е закажана за 5 јануари.



8. „Момчето птица: Заборавените деца“

Анимиран филм кој можеби и не е за деца. Премиерата во САД е закажана за 15 декември.



9. „Бетмен Нинџа“

Трејлерот кажува сè.

Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава