X
 12.12.2017 Забава

За вљубениците во филмови и серии - нови трејлери за оваа недела

За крајот на годината се најавени премиери на нови филмови што со нетрпение се очекуваат во киносалите. Ова се 9 нови трејлери за неделава:


1. „Светот Јура: Паднатото кралство“

Во овој филм се враќа актерот Џеф Голдблум, а тимот што стои зад филмот изгледа дека знае колку добар потег е тоа. Премиерата е на 22 јуни.



2. „Црно огледало“

„Нетфликс“ објави трејлер за 4. сезона од серијата, во која се прикажуваат морничави сцени со луѓе што изгледаат тажно и исплашено. Новите епизоди почнуваат на 29 декември.



3. „Доктор Ху – Божиќно издание“

Возбудлив момент за фановите на Доктор Ху, бидејќи е крај на улогата на Питер Капалди, па сега улогата ја презема Џоди Витакер. Ќе биде емитуван на католички Божиќ.



4. „Изменет јаглерод“

Првиот увид во серијата на „Нетфликс“ е интригантен. Приказната се одвива во свет каде што човековата свест може да биде пренесена во ново тело, наместо да почине, а во првата сезона се зборува за војник кој се обидува да реши обид за убиство. Книгата врз која е базирана серијата е голем хит, а серијата почнува на 2 февруари.



5. „Пелин“

Филм за контролната програма на ЦИА и мистериозната смрт на човек кој бил вмешан во тоа. Вистинските криминалистички приказни се популарни во моментов, па ова изгледа дека ќе биде една од најфасцинантните приказни што ги нуди „Нетфликс“. Премиерата е на 15 декември.



6. „Никогаш вистински не беше овде“

Филм во кој се раскажува приказната на воен ветеран кој е и платеник што следи мажи што се занимаваат со трговија на бели робје. Филмот има добри критики досега, а премиерата е на 6 април.



7. „ 7 дена во Ентебе“

Од режисерот на „Наркос“, нов филм за кризата со заложници во 1976 година во Уганда, која завршила со успешна мисија за спасување. Премиерата е закажана за март.



8. „Џек Рајан“

Акциона серија во која главната улога ја има Џон Красински. Ќе почне со емитување следната година.



9. „Алита: Ангел за битка“

Само гледајте.

Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава