X
 13.12.2017 Живот

Карактеристика што Стив Џобс барал да ја имаат неговите вработени во „Епл“

стив
Фото: Getty Images

Уште од самите почетоци на „Епл“, Стив Џобс знаел дека сака да изгради успешна компанија. Така, „Епл“ вработила двајца „професионални“ менаџери, но Џобс ги отпуштил.

„Воопшто не функционираше. Беа глупави. Знаеја како да менаџираат, но не знаеја ништо друго“, вели тој во едно видео.

Откако ги отпуштил овие „професионалци“ со искуство во менаџментот, Џобс вели дека започнал да бара еден квалитет кај неговите вработени: страст. „Сакавме луѓе што беа неверојатно добри во она што го прават, во нивната страст да се содржеше најновото знаење и разбирање за тоа каде се наоѓа технологијата и што би можеле да направат со таа технологија“, вели Џобс.

На Џобс не му било грижа какво CV имаат потенцијалните кандидати или каде работеле претходно. Тој сакал страсни работници што знаат како да решаваат проблеми. Како замена за менаџерите што ги отпуштил, Џобс ја зел Деби Колман, која работела во различен оддел. Таа била неискусна 32-годишна жена која имала диплома по англиски јазик. Откако работела како шеф за производство во „Епл“, Колман била промовирана во извршен директор на само 35 години.

Според Џобс, добрите работници не треба да бидат „менаџирани“. Ако имаат страст, ако се паметни и ако поседуваат сила што ќе ги води, ќе можат сами да се менаџираат. Но мора целосно да ја сфатат визијата на компанијата.

Токму тука доаѓа менаџерската улога. Наместо да им наредува што да прават и како да си ја работат работата, Џобс верувал дека лидерството треба да биде фокусирано на артикулирање на визијата на компанијата за сите да работат кон една иста цел.

Во истото интервју, првите вработени во „Епл“ раскажуваат како со текот на времето се здобиле со страст. Енди Херцфилд, еден од првите софтверски инженери на „Епл“, раскажува како тимот им го претставил прототипот „Мекинтош“ на кандидатите. Целиот тим гледал како реагирал кандидатот. Ако кандидатот не покажел никаква реакција, тогаш цел тим знаел дека не е соодветен за во компанијата. „Сакавме нивните очи да светнат и да се возбудат. Тогаш знаевме дека тие се дел од нас“, вели Херцфилд.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот