X
 15.12.2017 Економија

Светот го доби првиот билионер, но никој не знае кој е тој?!


Илустрација
(Фото: Thinkstock)


Мистериозниот човек, познат како Сатоши Накамото, за кого се верува дека е пронаоѓач на биткоинот, би можел да стане најбогатиот човек на светот. Ако веќе не е.

Речиси е извесно дека тој се наоѓа на листата со најбогати луѓе на светот на „Форбс“, и тоа пред милијардерите Бил Гејтс и Џеф Безос.

Кога биткоинот почна нагло да расте, процената била дека Накамото „тежи“ околу 17 милијарди долари, но судејќи според новите вредности на оваа криптовалута и предвидувањата дека и натаму ќе расте, „таткото“ на биткоинот би можел да стане и првиот билионер во светот.

Биткоинот оваа година забележа раст од 1.800 проценти. Минатата недела првпат беше пробиена и границата над 19.000 долари.

Се верува дека Накамото поседува речиси милион биткоини и дека никогаш не продал ниту еден цент од нив.

Идентитетот на Сатоши Накамото, кој е псевдоним на авторот што почнал со копање биткоини пред околу девет години, сè уште е мистерија. И ден-денес никој не знае кој е Накамото.

Претходните години имаше барем четири личности за кои се веруваше дека стојат зад псевдонимот. Последниот „осомничен“ беше Илон Маск.


Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија