X
 17.12.2017 Наука

Крај на ерата на снегот и мразот: Арктикот нема повеќе да биде ист


Арктик
(Фото: Pixabay)


Директорот на американската истражувачка програма за Арктикот, Џереми Матис, изјавил дека оваа област ѝ правела огромна услуга на планетата Земја бидејќи имала дејство на фрижидер.

„Сега ја оставивме отворена вратата од фрижидерот“, изјавил научникот на годишната конференција на Американскиот геофизички сојуз, пренесува Би-би-си.

Американската Национална администрација за океани и атмосфера објавила 12-годишен извештај на собирот во Њу Орлеанс и укажала на „неколку аномалии“ во соочувањето со загревањето на Арктикот.

„Можеме да потврдиме дека Арктикот нема да остане во стабилна замрзната состојба“, рекол Матис и додал дека овој регион се менува побрзо отколку во кој било друг период од документираната историја.

Според него, луѓето тешко се приспособуваат на овие брзи промени и затоа водата носи со себе цели села во арктичката област на Северна Америка.

Матис изјавил дека нивото на морето расте побрзо со загревањето на Арктикот отколку што се прогнозирало пред десет години.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука