X
 20.12.2017 Образование

#БојкотирамНастава: Пеце од „Суперхикс“ – „Еден ден нема ништо да реши ама мора да се почне од некаде!“

Фотографии на деца со заштитни маски, родители, музичари, јавни личности, со транспарентин во рацете дека свесно и совесно ја бојкотираат наставата во учлилиштата вчера и денеска ја преплавуваат социјалната мрежа Фејсбук. На групата „#БојкотирамНастава“ веќе неколку дена се пријавуваат граѓани кои се придружија на акцијата порадикално да го искажат револтот од огромното загадување и воздухот што го дишат и нашите деца и сите останати.



Пред неколку дена Факултети.мк објави текст со Тамара Сухарова-Градишки, мајка на две мали дечиња од населбата Автокоманда на Фејсбук стави своја фотографија со маска и со транспарент: „#Свесно и совесно ја бојкотирам наставата на моето дете 20.12.2017. #Не се дише. #Бараме итно решавање на проблемот“. Во саботата напладне пак, пред Владата се собраа околу двеста граѓани кои побараа веднаш да почнат да се спроведуваат плановите за да се намали загадувањето.

Иако деновиве видливоста во Скопје е зголемена благодарение на ветерот, Сухарова-Градишки вчера објави:
- Родители, да ве потсетам зашто утре ќе бојкотираме. Не се опуштајте дека воздухот е поарен деновиве – напиша таа и објави неколку фотографии од кулите во населбата Аеродром, сите во магла.

Во акцијата се вклучија, јавни личности, граѓани кои немаат деца:
- Јас немам дете, но ќе го поддржам бојкот наставата со тоа што нема да одам на работа – напиша една девојка.



Петар Младеновиски-Пеце од групата „Суперхикс“, во свој стил се вклучи во бојкотот:
- #БојкотирамНастава на 20-ти декември! Светиниколски протест за поздрава животна средина, повеќе и поитно мерки за почист воздух и подигнување на свеста за овој проблем од чии симптоми сите страдаме а посебно најмладите! Поддршка на иницијативата! Еден ден нема ништо да реши ама мора да се почне од некаде! – напиша тој на својот профил на Фејсбук.

Еден член на групата апелира до познатите и јавни личности, музичари, пејачи, актери, режисери, композитори, писатели, играчи, танчери, спортисти, водители, новинари и други... - Вашето влијание во секое општество, па и во нашево, е огромно. Но, тоа исто така подразбира дека и вашата одговорност треба да е поголема. Вие сте главните креатори на јавното мислење и луѓето вам ви се восхитуваат. Па така, ве замолувам, секој од вас кој сè уште не го направил тоа, поединечно или заедно, да го кренете гласот за чист воздух и со тоа сите ние побргу да ги избуткаме процесите околу стопирањето на енормното загадување кое ни се случува години наназад, но кое денеска достигнува кулминација и е сериозна закана по животите на сите нас! П.С. И не заборавајте едно нешто. Вие сте тоа што сте, само затоа што имате вредности и таленти кои луѓето ги препознаваат, а не затоа што „системот“ така одлучил. Преземете каков било јавен и видлив чекор. Потребни сте им на луѓето кои ве сакаат!
Подготвил: Весна Ивановска-Илиевска / vesna.ivanovska@fakulteti.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование