X
 25.12.2017 Живот

Распродажба на имот во Грција! Со купување недвижности до „златна виза“ за Европа

Џорџ Качмазов, агент за продажба, купува имот во Атина, Грција. Тој е извршен директор на платформата за недвижности „Тиранио“, а во грчката престолнина купил објект и е во процес на стекнување уште 5 други со цел да им продава станови на интернационални инвеститори. За него, купувањето недвижен имот во Грција претставува таканаречена „златна виза“ за земјата, а со тоа и влез во Европа.

фотоизвор: Chris Ratcliffe

Тој смета дека пазарот за недвижности во Грција е еден од неколкуте преостанати во Европа што не заздравиле од економската криза во 2008 година. Цените на недвижниот имот во земјата се пониски за 25 проценти.

Се смета дека најлошиот период е завршен и дека сега е најдобро време да се искористат ниските цени. Просечната цена на квадратен метар во Грција е 2.846 евра. Тоа е речиси за 1.000 евра поевтино од Португалија, која има слична програма за златна виза за купувачите на имот, половина поевтина отколку во Шпанија и Германија, и речиси 3 пати поевтина отколку во Италија и Австрија. Грција, од друга страна, е поскапа од Бугарија, Хрватска, Романија и Естонија.

Качмазов работи претежно со руски инвеститори, но вклучени се и Турци и Арапи.

Шемата „престој-за-инвестирање“ во Грција е најдобрата во Европа и е евтина, приносите за кратки изнајмувања се високи, а потенцијалот за раст на земјата е голем, смета Качмазов. Во прилог оди и постојаното зголемување на бројот на туристи, па голема е можноста за често изнајмување на недвижниот имот за краток престој.

Грција има доделено 2.053 златни визи помеѓу 2013 и октомври 2017 година, а 43 проценти од нив им се доделени на кинески инвеститори. Русите се на второ место со 18,6 проценти, а Турците со 8,4 проценти.

Исто така, Качмазов истакнува дека има голем интерес за учество во е-аукциите на недвижен имот, па инвеститорите имаат можност да соработуваат и со банките.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот