X
 27.12.2017 Живот

Ако го напаѓате Илон Маск на „Твитер“, направите го тоа со цврсти аргументи

1

Ако го напаѓате Илон Маск на „Твитер“, добро би било тоа да го направите со цврсти аргументи. Во тоа, на потешкиот начин, се уверила Лори Килмартин, која смета дека парите потрошени на лансирање на ракетата „Фалкон 9“ треба да бидат потрошени за нешто повеликодушно.

Една од личностите што на „Твитер“ го следат Илон Маск одлучи да се впушти во дискусија со Лори, која за брзо време остана без зборови и аргументи.

Сè почнало со твитот за лансирање на ракетата и најавата за наредните активности. Тогаш искоментирала Лори, која мисли дека би можела подобро да располага со парите на Маск.

„Дали можете парите да ги донирате во банка за храна?“, напишала таа.

Набрзо се приклучил друг корисник, обожавател на Маск: „Не си слушнала? Човештвото смее да решава само еден проблем истовремено“.

2
Фото: Printscreen/Twitter

„Всушност, патувањето во вселената не е проблем“, му одговорила Лори.

„Не, ама со него можат да се решат многу проблеми“, одговорил корисникот.

„Прогнозирање на временските услови, намалувањето на популацијата на риби, климатските промени, предвидување на земјотреси, комуникација на голема оддалеченост, следење на локацијата, економски прашања“, продолжил корисникот „QwertyuiopThePie“.

3
Фото: Printscreen/Twitter

„А да не зборуваме за тоа дека е корисно и за други работи, на пример, за користење на Џи-пи-ес за фаќање криволовци или комуникации на големо растојание за организирање хуманитарни акции, како што се банките за храна во оддалечените области. Денес лансира десет сателити од иридиум. Како мислиш дека луѓето ќе организираат испорака на хуманитарна помош во Порторико ако не можат да комуницираат со луѓето таму? Особено ако локалните мрежи се уништени. Но, очигледно, ако сам не дава храна на бездомниците, не им помага“, напиша тој.

„Тоа не е моето прашање“, пишува Лори.

4
Фото: Printscreen/Twitter

„Праша за проблемите што ги решава лансирањето. Напишав дека помага во предвидувањето на природните катастрофи, ти велиш дека природните катастрофи не се проблем или дека нивното предвидување не помага?“, му одговори „QwertyuiopThePie“.

На тоа Лори му напиша дека нејзиниот соговорник премногу пишува и размислува.

4
Фото: Printscreen/Twitter

„Не одговори на ниту едно од моите прашања. Што не е точно. Природните катастрофи или нивното предвидување не е дел од решението или ти си виновна? Кое од овие? Избери едно“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот