X
 29.12.2017 Технологија

Еве како да го решите проблемот со „Вибер“ ако не ви пристигнуваат пораки


„Вибер“ апликација
(Фото: Getty images)


Често се случува пораките преку апликацијата „Вибер“ да не стигнат кога корисникот не е вклучен на апликацијата или како воопшто да не се слуша звукот дека стигнала нова порака. Ова може да стане проблем затоа што комуникацијата преку „Вибер“ би била задоцнета или ненавремена.

Доколку не го слушате звукот за добиена порака на „Вибер“, треба да го направите следното: отворете Settings, па влезете во менито Applications. Изберете „Вибер“ и влезете во нагодувањето на апликацијата. Во опциите на тоа мени побарајте Notifications и ќе влезете во ново мени, каде што ќе го означите Allow Notifications, а ќе го исклучите Show Silently. Можно е на вашиот модел да ги има и опциите Ringtone и Vibrate, кои исто така би требало да се вклучени (ако не го гледате Show Silently).

По ова би требало да добивате известувања на „Вибер“ како што е вообичаено.

Напомена: ова решение е применливо на некои уреди што имаат Marshmallow и Nougat Android OS, на пример. Можно е и производителот на вашиот уред да заклучил некои од опциите на ова решение, па би требало да побарате некое ново.

Од друга страна, доколку пораките воопшто не ви пристигнуваат додека физички не влезете во апликацијата „Вибер“, време е да го промените системот за нагодувања.

Новите верзии на оперативниот систем „Андроид“ имаат опција која заради штедење на батеријата, ги исклучува заднинските процеси при заклучување на екранот или по одредено време, па дури и на Wi-Fi мрежата, па ќе треба да ги промените нагодувањата така што „Вибер“ да остане вклучен секогаш.

Прво, обидете се во самата апликација „Вибер“ да ја активирате опцијата секогаш да работи на Wi-Fi мрежата. Одете во Settings, па во General, каде што ќе најдете Wi-Fi – Sleep Policy опција. Влезете таму и откачете го првото крукче, односно потврдете ја опцијата Always connected. На тој начин Вибер нема де се „успива“ при мирувањето на телефонот на Wi-Fi мрежата, без оглед дали уредот е со заклучен екран или не.

Второ, обидете се во системот на телефонот (нагодувањата зависат од производител до производител) во менито Apps или Notifications, овозможете ги сите нотификации на „Вибер“, но и работа на апликацијата во заднина, односно секогаш да ѝ биде дозволена работата. Ова на некои телефони се наоѓа во рамките на менито Battery, во подменито – Launch apps и слично.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија