X
 29.12.2017 Образование

Почнува зимскиот распуст – учениците повторно во школо на 22 јануари


Фото: Колектив „Ветерница“

Денеска е завршува првото полугодие од оваа учебна година. На зимски распуст заминуваат околу 270 илјади ученици. Распустот ќе трае 23 календарски денови. Основците и средношколците ќе појдат на училиште на 22 јануари, кога е предвидено да почне второто полугодие.

Според статистиките, годинава на училиште тргнаа 20.437 првачиња. Наставата на македонски јазик ја следат 13.218, а на албански јазик 6.419 ученици. Министерството за образование и наука соопшти дека во средните училишта, се запишани 17.364 ученици во прва година и потенцира дека овие бројки не се конечни и дека истите ќе бидат познати во средината на септември. Наставата се одвива во вкупно 362 основни и 108 средни училишта.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование