X
 29.12.2017 Образование

Желбите на наши основци: Дедо Мраз, сакам тато да ме запише на фудбал

Дедо Мраз, јас сакам скии! Здраво Дедо Мраз, јас сакам да ми донесеш копачки, патики и топка, точак, прибор и сакам тато да ме запише на фудбал. Јас сакам книга за спортисти. Јас сакам играче – птица. Јас сакам Дедо Мраз да ми донесе телефон – ајфон седмица. Ова се неколку од новогодишните желби на третоодделенци од училиштето „Св. Климент Охридски“ во скопската населба Бутел.

Какви новогодишни желби имаат децата, за што сонуваат основците? Прашавме и петтоодделенци во школото „Св. Кирил и Методиј“ во Свети Николе. Нивниот наставник Иле Михајловски ни ги испрати нивните желби, во форма на новогодишни честитки. Сите луѓе и кучиња да имаат свој дом. Да нема гладни деца во светот, најмногу посакуваат петтоодделенците. Нела посакува и да оди на натпреварот по пеење „Неки нови клинци“. Повелете, ѕирнете во желбите на нашите дечиња.





















Подготвил: Весна Ивановска-Илиевска / vesna.ivanovska@fakulteti.mk Сребра Ѓорѓијевска / srebra.gjorgjijevska@fakulteti.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование