X
 17.02.2020 Образование

Почнува пријавувањето на децата за учество во втората пилот-фаза на образовниот модел „Бибиверзум“

Од денеска почнува пријавувањето на децата за учество во втората пилот-фаза на образовниот модел „Бибиверзум“. Образовниот центар, кој се наоѓа во Градскиот трговски центар – I кат во Скопје (веднаш до ресторанот „Џино“), е дел од големата образовна платформа „Во светот на Биби“, која вклучува многу образовни алатки и ресурси за воспитување и образование на децата.

Доколку сакате вашето дете да биде дел од оваа програма, пополнете ја пријавата.

Наставата ќе почне на 9 март и ќе трае 3 месеци, а децата ќе ја посетуваат еднаш неделно. Планирано е да има две групи, едната со дечиња од претшколска возраст (4 и 5,5 години), а втората со дечиња што одат на училиште (од 5,5 до 8-годишна возраст). Тимот што ќе работи со децата се проширува со нови наставници и воспитувачи кои ќе ја реализираат програмата. Цената за еден месец е 2.000 денари.

Пријавувањето трае до моментот на пополнување на планираните места.

Издвојуваме

Образование