X
 17.09.2021 Живот

Девет години „Лице в лице“ - за подобро општество

„Проверувај, па верувај“ е кампањата која почнува денес со излегување на новото 47. издание на „Лице в лице“, со која се одбележува 9. година од постоење на списанието за одржлив развој.

- Ви благодариме што бевте наши партнери во создавањето општество за еднакви можности за сите. Овој пат сакаме да дадеме свој придонес кон спречување на дезинформациите, лажните вести и говорот на омраза нудејќи контранаративи на овие негативни предизвици на новата доба - велат од тимот на „Лице в лице“.
„Лагата веќе го обиколува светот, додека вистината ги обува чевлите“ е мотото кое го носи 47. издание на „Лице в лице“. Кампањата започна во Струга, каде што граѓански организации, медиумски работници, млади луѓе – волонтери и ученици, претставници на институции и локална самоуправа учествуваа во кокреирањето на содржините за ова издание.

- „Лице в лице“ со овие активности ја носи свесноста за дигиталните комуникациски технологии, кои драматично го променија нашиот однос кон содржината, изворот и пренесувањето на информациите. Овој број е посветен на свеста за заканата што ни доаѓа од забавните и оттаму, навидум, пријателски содржини на кои секој ден се изложуваме - вели Климентина Илијевски, главна уредничка на „Лице в лице“ и извршна директорка на „Паблик“, издавач на списанието.

Со новото издание ставаме посебен акцент на говорот на омраза кон луѓето со интелектуална попреченост, кон луѓето со вишок килограми, но и кон различностите генерално. Под авторство на фотографката Кристина Затуровска, младите креираа фотографии кои го илустрираат секојдневието преплавено со (дез)информации, а беа креирани и фотоприказни за односот на граѓаните кон луѓето со попреченост и за говорот на омраза насочен кон нив.

Издвојуваме

Живот