X
 17.11.2020 Живот

Може ли детето да има тикови по 3 години од мојата сообраќајка?

Покажувате голема свесност и ангажираност околу можните проблеми што вашите девојчиња може да ги имаат како стрес-реакција на вашата сообраќајна несреќа. Бидејќи велите дека сè уште закрепнувате, претпоставувам дека сте поминале низ многу тежок период кој за вашето семејство сè уште трае. Една од поголемите загуби и закани за загуба кај децата е загубата на родителот. Ме радува што закрепнувате, но стравот за можните последици сè уште стои како сенка над вашето семејство. Децата долго го преживуваат стравот од можните загуби. Како разговарате со вашите девојчиња за она што ви се случи? И кога разговарате, каков став им пренесувате? За жал, немате пренесено многу околу ова прашање, но еве, ве поканувам да гледате на начинот на кој вие и вашиот сопруг се справувате со несреќата и нејзиното значење пред нив.
Но, сакам да се навратам еден чекор наназад бидејќи вие прво гледате во децата, а дури потоа во себе. Кажете ми, како сте вие по сообраќајната несреќа, како ја поднесувате оваа онеспособеност?

Ова е дел од одговорот на читателско прашање упатено до психолозите, соработници на Деца.мк. Одговорот го дава психологот Радмила Живановиќ, а остатокот прочитајте го на овој ЛИНК.

Издвојуваме

Живот