Прекршочниот суд во Пула донел пресуда која би можела да стане правило за казнување на една мајка, која незадоволна од оценките на нејзините деца одлучила да ѝ се обрати со висок тон на наставниците во училиштето.
35 годишната мајка од Медулин била казнета поради жестоката реакција во училишниот ходник во јуни оваа година; судот заклучил дека го прекршила Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.
Според пресудата, таа пристигнала во училиштето во 13 часот на 7 јуни, и на наставничката по техничка култура ѝ се пожалила за оценките на нејзиниот син. „Ја замолив да ми каже на кој материјал син ми треба да одговара, а таа ми рече дека ќе го праша сето она што го учеле во текот на годината. Тврдеше дека поради отсуствувањето од настава, мојот син не ни пишувал домашни задачи. Задачите таа не му ги побара во текот на учебната година, туку на крајот, додавајќи дека син ми бил отсутен секогаш кога имало испитување“, вели 35 годишната мајка.
Според нејзината верзија, после разговорот со наставничката по техничка култура, таа веќе тргнала кон излезот од училиштето, но ја сретнала наставничката по музичко. „Таа почна да ни вика мене и на син ми. Тврдеше дека син ми лаже и мавташе со прстот кон неговото лице. Ѝ реков да престане да го прави тоа, но тогаш дојде и наставникот по математика и започна да вика по мене и синот. Буквално се дереше да излезам со децата од училиште. Децата беа прелашени. Ќерка ми започна да плачи, а јас побарав да разговарам со директорката. Бев вознемирена и му реков на наставникот да замолчи. После тоа тој повика полиција. Се обидов да ѝ се јавам на директорката, но ми го зедоа мобилниот од раце и викаа да ја затворам устата. Една учителка тогаш и ме удри. Сето ова се случуваше пред моите деца кои беа преплашени“, раскажува 35 годишната госпоѓа.
Сепак, судот не ѝ поверувал. Напротив, биле прифатени сведочењата на наставникот и директорката. Очекувано, нивните верзии биле различни.
„Ученикот пропушти многу затоа што беше болен и не беше испитуван. Морав на крајот на учиилишната година да го испитам за да му ја заклучам оценката. Неговата мајка дојде на училиште, лута поради оценката, тврдеше дека момчето знае повеќе и дека заслужува подобра оценка. Инсистирав да ѝ објаснам зошто не го испитав во текот на годината. Цело време ми викаше. Видов дека децата се исплашија од нејзината реакција, па се обидував да ја смирам, но не успеав. Таа постојано викаше, а децата плачеа“, изјавила наставничката по техничка култура.
35 годишната отишла до толку далеку што на наставниците им препорачала: „Вие не сте луѓе! Ќе ги повикам новинарите! Тргнете ми се од пред очи“. За тоа дека ги употребила овие зборови сведочел и професорот по математика.
„Со неа и претходно имав проблем. Никогаш не беше задоволна со оценката на нејзиниот син. Секогаш тврдеше дека заслужува повисока оценка и го има потребното знаење. Таа е тешка личност и со неа човек не може да комуницира“, изјавил наставникот по математика.
Поради викањето во училишниот ходник, мајката била прогласена за виновна, а судот утврдил дека го прекршила Законот за прекршоци против јавниот ред и мир. Обвинетата е парично казнета, а судот безрезервно им веруваше на наставниците, бидејќи тие многу години работат во училиштето, па поради тоа заслужуваат доверба.
Училиштето учи како да се живее и работи заедно во општеството за општо добро. Затоа потегот на оваа мајка претставува негирање на сè она што училиштето значи во цивилизирана општествена заедница.