
Фото: Printscreen/Youtube
На германскиот физичар Алберт Ајнштајн му биле потребни комплексни равенки за да ја опише неговата теорија за релативност, но 18 годишната Хилари Дајан Андалес од Филипините неговата теорија може да ја објасни со пикап-камион, неколку мобилни телефони и Усаин Болт.
Андалес е победник на „Јуниорскиот предизвик за епохално откритие 2017“, годишен натпревар што ги повикува тинејџерите од целиот свет да доставуваат видеи не подолги од три минути што ги поедноставуваат големите идеи во науката и математиката. За нејзината победа, Андалес ја освои главната награда од 250.000 долари во стипендија.
Нејзиното победничко видео насловено како „Релативност и еквивалентност на референтните рамки“ на едноставен начин ја објаснува Ајнштајновата релативност. Андалес ова го демонстрира со помош на нејзините тројца пријатели за да го сними звукот што го произведува пикап-камионот, додека вози и додека свири свирката. Секоја личност стои на различно место - една пред автомобилот, друга позади автомобилот и трета во самиот автомобил; и секоја личност го снима звукот.
Секоја референтна рамка дала поинаков звук, бидејќи звучните бранови што доаѓале од свирката биле или собрани или раширени во однос на тоа каде биле снимени.
Истиот тест може да се направи со брзината и времето. Ако Усаин Болт трча 100 метри со 98 процентна брзина на светлината, 10 секундниот финиш од негова перспектива би бил 40 секунден кај судијата. На
видеото подолу можете да го погледнете целото објаснување.