X
 03.01.2018 Наука

Хрватски научници на чекор до лекување на ракот на белите дробови

Професор од одделот за биохемија и медицинска генетика на Универзитетот во Торонто, д-р Игор Штагљар, изјавил дека со својот тим дошол на еден чекор од лекување на еден од најлошите тумори на денешницата – ракот на белите дробови.


Процесот е дојден до стадиум со кој лекот е подготвен за употреба и ќе почне да се применува во Хрватска. Многу брзо ќе се почне и со истражување во Канада, изјавил Штагљар.

Патот до едно вакво откритие трае од 8 до 10 години, но во овој случај траел 5 години. Била применета  нова технологија со која може да се проучуваат 500 различни човечки болести. Штагљар истакнал дека за таа технологија добил награда од 3,25 милиони долари. Со тие пари постигнал напредок кој ветува дека за неколку години ќе има лекови за третирање многу видови карцином. Сепак, истакнува дека никогаш нема да успееме да ги победиме туморите, но смета дека еден ден ќе можеме да ги разбереме на молекуларно ниво. Туморите се паметни, еволуираат, а кога ги третираме со одредени лекови, стануваат отпорни, вели докторот. Тој потенцира дека мора да бидеме подготвени со низа нови лекови што ќе се произведуваат откако мутациите ќе бидат откриени кај пациентите. Целта на истражувањето е во следните 20-30 години да може да се третираат туморите како хронични болести.

Докторот вели дека и гените имаат мало влијание врз развојот на карциномот, но тоа е само 9 %. 40% од сите карциноми можеме сами да ги спречиме така што ќе внимаваме што јадеме и пиеме, па на тој начин нема да се изложуваме на инфекции со вируси и бактерии, а најмногу се советува да не се пуши, нагласува Штагљар.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука