X
 04.01.2018 Живот

Завет што туристите мора да го потпишат за да влезат во Палау

Палау, архипелаг создаден од 200 острови во западниот дел на Тихиот Океан, постави завет кој посетителите мора да го потпишат ако сакаат да влезат во земјата. Островската заедница го претстави уникатниот услов со цел да помогне во зачувувањето на нејзината татковина за идните генерации. Ова е првата нација што ги променила законите за миграција за да ја заштити животната средина.   

     
фотоизвор: iStock   

Додека туризмот може да донесе многу социјални и економски придобивки за регионот, исто така може да предизвика и трајна штета. Масовниот туризам во Палау има разурнувачко влијание врз вулканските острови, а нивниот биодиверзитет е под закана. Снабдувањето со вода, плажите, коралните гребени и културното наследство се погодени. Во условот на земјата стои:

„Деца од Палау, го прифаќам овој завет, како ваш гостин, дека ќе го чувам и заштитувам вашиот прекрасен и уникатен остров, кој е ваш дом. Се задолжувам да се однесувам пристојно и да го истражувам внимателно. Нема да го земам она што не е дадено. Нема да му наштетувам на она што не ми наштетува. Единствените стапки што ќе ги оставам се оние што ќе бидат измиени“.          

фото извор: Supplied       

Овој завет се печати во пасошите на туристите и мора да биде потпишан пред да влезат во земјата. Оние што ќе го прекршат заветот може да бидат казнети. Заветот го потпишале и го прифатиле и претседателот на Палау и жителите на земјата. Туристите се советуваат да не собираат школки или да ги хранат водните животни, да избегнуваат допирање на коралските гребени и да ги почитуваат локалните обичаи и луѓе.     

Досега се потпишани 13.624 завети. Палау започна да ја заштитува животната средина во 2015 година, кога 500.000 квадратни километри од водената површина беа прогласени за морско светилиште. Комерцијалниот риболов и барањето нафта се забранети во овој регион. Заштитата на животната средина е дел и од програмата во училиштата, па таа се учи уште од најмала возраст.                           
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот