X
 05.01.2018 Образование

Меѓународна научна конференција на тема: „Кон подобра иднина: Владеење на правото, демократија и полицентричен развој“ во организација на Правниот факултет при УКЛО

konferencija

Правниот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, организира меѓународна научна конференција на тема: „Кон подобра иднина: Владеење на правото, демократија и полицентричен развој“ која ќе се одржи на 11 и 12 мај 2018 година во Битола.

Конференцијата има за цел да ги собере на едно место истражувачите и научните работници од земјата и странство, кои ќе ги презентираат своите научни трудови од предметната проблематика и ќе дискутираат за најновите резултати од нивните научни истражувања.

Конференцијата нуди мултидисциплинарен пристап кон проучување на главната тема. Повеќе информации за темата на конференцијата и предложените поттеми, можете да пронајдете ТУКА.

Сите испратени трудови ќе бидат рецензирани, а потоа оние кои ги исполнуваат научните критериуми ќе бидат објавени во печатена и електронска верзија на Зборник на научни трудови на конференцијата. Трудовите ќе бидат индексирани во повеќе меѓународни научни дата-бази. Дел од трудовите, а во комуникација со авторите, ќе бидат објавени во индексирани меѓународни научни списанија како тематски изданија.

Со задоволство ги повикуваме сите заинтересирани автори своите апстракти на англиски јазик да ги испратат електронски на следната e-mail адреса: conference.pf@uklo.edu.mk  најдоцна до 15 февруари 2018 година.

Посебно ги охрабруваме младите истражувачи, магистрантите и докторантите да земат учество на меѓународната научна конференција.

За повеќе информации посетете ја веб-страницата на конференцијата.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование