X
 06.01.2018 Култура

„Ејч-би-о“ потврди дека „Игра на троновите“ ќе се врати во 2019 година

сезона

„Ејч-би-о“ потврди дека последната сезона од „Игра на троновите“ нема да доживее премиера до 2019 година. Оваа информација се шпекулира уште од минатиот јуни и се смета за стратешки потег што на мрежата ѝ дава време да работи на неколку предложени спиноф-серии.

„Ејч-би-о“ потврди дека осмата сезона ќе има шест епизоди, кои веројатно ќе бидат доста долги со оглед на тоа што епизодите од седмата сезона траеја од 59 до 80 минути. Објавени се режисерите и сценаристите на последната сезона: Дејвид Бениоф и Ден Вајс ќе го режираат финалето на серијата, а режисерот Дејвид Натер ќе се врати за три епизоди. Тој режираше епизоди од петтата сезона од серијата. Мигел Сапоник ќе се врати за две епизоди, откако режира епизоди од петтата и шестата сезона. Оваа сезона ќе биде напишана од Бениоф и Вајс, како и Брајан Когман и Дејв Хил.

Ниту еден од режисерите од седма сезона - Џереми Подесва, Аалан Тејлор, Мет Шакман и Марк Милод - нема да се врати за осмата сезона.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура