Книгата на неверојатниот д-р Бенџамин Спок е преведена на 39 јазици и е продадена во повеќе од 50 милиони примероци. Неговиот
прирачник за правилно одгледување на децата содржи некои од најважните совети за родителите на сите времиња:
фотоизвор: Sunday Post
1. Верувајте во себеси. Знаете многу повеќе отколку што мислите.
2. Децата што ги цените такви какви што се, дури и ако се обични, несмасни или бавни, ќе пораснат со верба во себе – среќни. Ќе го имаат во себе духот за извлекување на максималниот потенцијал и условите што ќе им се нудат во животот. Нема да го преувеличуваат кој било свој недостаток.
3. Не се важни зборовите, туку музиката.
4. Она што добрите мајки и татковци инстинктивно го чувствуваат дека треба да го направат за своите деца е обично и најдоброто што може да се направи.
5. Времето додека е лицето дете, учи да биде и родител. Кога ќе стане родител, всушност е родителот кој повторно го преживува детството.
6. Бев горд на младите што беа против војната во Виетнам бидејќи тие беа мои деца.
7. Среќата е главно нуспроизвод кој се создава кога го работиме она што нè исполнува.
8. Би рекол дека најдоверливиот показател на зрелоста на еден маж или жена е хармонијата, стилот и достоинството што тој/таа ги создава во својот брак и задоволството и инспирацијата што му ја дава на брачниот партнер.
9. Децата обезбедуваат сила, но родителите мора да управуваат.
10. Секое дете инстинктивно чувствува дека родителот е лут однатре, кога детето лошо се однесува, и повеќе се плаши од лутината што родителот ретко или никогаш не ја покажува, бидејќи се прашува колку е таа страшна.
11. Постојат само 2 работи што детето радо ќе ги сподели со другите: заразна болест и годините на мајката.