X
 16.01.2018 Култура

Погледнете го постмодернистичкото ТВ-шоу на Енди Ворхол со кое се прослави

ворхол

„Во иднина сите ќе бидат познати во период од 15 минути“, изјавил Енди Ворхол. Всушност, Ворхол му рекол на фотографот Нат Финкелштајн дека секој сака да биде познат, на што Финкелштајн му одговорил: „Да, 15 минути“.

Дали е вистина дека секој сака да биде познат? Сигурно е дека Енди Ворхол сакал, и тоа повеќе од 15 минути. Меѓутоа, Ворхол не сакал да биде откриен, туку сам сакал да се докаже.



Но додека да ја постигне славата во 60-тите години, Ворхол копнеел да се појави на телевизија, сон што траел подолго време пред да се реализира. Неговата прва програма дебитирала во 1979 година, а потоа имало и втора верзија во 1980 година. Во период од четири години тој донел голем број познати личности, но привлекол ограничена публика.



Во 1981 година Ворхол конечно станал мејнстрим кога успеал да стигне до Ен-би-си, и тоа во „Сатрдеј најт лајф“. „Неговите постојани напори се исплатиле кога станал дел од емисијата ’Петнаесет минути на Енди Ворхол‘ на Ем-ти-ви“.

Шоуто ветувало возење во центарот на градот и возење на дивата страна. И не разочарало. Еден вид постмодернистичко шоу, програма што сите ги става заедно. „Високите и ниските. Богатите и познатите. Искусните уметници и оние што допрва стануваат ѕвезди“, вели кураторот во Музејот на Ворхол, Гералин Хаксли.

Погоре видете го интервјуто со Кортни Лав, „неверојатна ѕвезда во подем“. Подолу, членовите на „Рамонс“ зборуваат за состојбата на рокенролот во 1987 година, а потоа ја свират „Bonzo Goes Bitburg“. Ова се само мал број од многуте уметници што биле дел од шоуто на Ворхол.



„Петнаесет минути со Енди Ворхол“ му овозможи на уметникот да се запознае со многу луѓе на начин на кој тој сакал. „Многу деца гледаа Ем-ти-ви. Не знам дали знаеја дека Енди беше познат уметник, но за нив сигурно бил телевизиска личност“, вели продуцентот Винсент Фремонт.



ТУКА може да ја погледнете листата со петте епизоди што се емитувале помеѓу 1985 и 1987 година.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура