X
 16.01.2018 Култура

Пристигна новиот филм за младиот Волдeмор - бесплатно се прикажува на интернет!

film

Филмот е направен од страна на фановите на сагата за Хари Потер, така што не претставува официјално продолжение, но ако се суди според квалитетот на самата слика – филмот воопшто не изгледа аматерски. Независната продукциска куќа „Триангл филмс“ пред два дена го објави филмот и веќе има преку  4 милиони прегледи. Филмот се вика „Voldemort:  Origins of the Heir“ и ја следи сторијата за тоа како Том Ридл станал Лорд Волдемор.

Филмот исклучиво е креација на ентузијастичките фанови кои имаа за цел да ја прикажат потемната страна на “Хари Потер“ универзумот, што значи – минатото на Водемор. Луѓето кои стојат зад овој филм средствата ги собирале преку Кикстартер, а во 2016 година, „Варнер Брос.“ се обидел да го запре снимањето на филмот. За среќа, на крајот се договориле, така што конечно сите можеме бесплатно да го гледаме филмот кој трае 52 минути!

Уживајте!

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура