X
 17.01.2018 Наука

Конечно откриена мистериозната епидемија од 16 век што ќе го избришела населението на Мексико

епидемија
Фото: Flickr

Кога европските освојувачи отпловиле кон новиот свет, нивното освојување било потпомогнато од нивниот сојузник во вид на болест.

Сега, научниците конечно го идентификувале виновникот за најсмртоносната епидемија регистрирана во ова темно поглавје од историјата, која избришала 80 отсто од населението во Мексико одземајќи околу 15 милиони животи.

ДНК извлечена од забите на жртвите на епидемијата од 1545 до 1550 ја открива првата позната појава на салмонелата, што укажува на смртоносното присуство на салмонела ентерика, бактерија одговорна за црвената треска (поврзана со тифусна треска).

Кога оваа катастрофална болест се појави во денешно Мексико и Гватемала, таа била позната под друго име на јазикот нахуатл: коколицтли или хјуи коколицтли (голема чума).

Шпанците имале свој термин за неа: „пухамјенто де сангре“, што во превод значи обилно крвавење.

„Треските биле заразни, заболените буквално гореле, сите биле заразни и пред умирање. Јазикот бил сув и црн, а чувствувале и огромна жед“, бил описот на болеста од страна на монахот Фрај Хуан де Торкемеда од 1576 година, кога епидемијата се појавила по вторпат.

„Урината е морско-зелена, зеленчуково-зелена и црна, а понекогаш од зелена добива бледа боја. Пулсот е брз и слаб - некогаш дури и на нула“, продолжува описот. Оние што биле заразени паѓале во делириум, биле дезориентирани, имале напад и обилно крвавење и повраќање. До последното истражување овие ужасни искуства биле поврзувани и со други биолошки предизвикувачи - мали сипаници, големи сипаници, тифус или вирусна хеморагична треска.

Но сега тимот предводен од истражувачите од Институтот за наука за човековата историја „Макс Планк“ од Германија ги има првите директни ДНК-докази како поддршка за алтернативното објаснување. Биле ископани околу 30 скелети од градот Милотек во Тепосколула-Јукунда во Оаксака, Мексико каде што жртвите на болеста биле закопани пред стотици години. Користејќи ја новата технологија за скрининг на ДНК, наречена „мета геном анализатор“ за усогласување на остатоците, истражувачите откриле вирус на С.ентерика наречен Паратифи К.

Ова не значи дека други патогени не биле вклучени во смртоносната епидемија, велат истражувачите, но токму сега единствената откриена бактерија е С.ентерика Паратуфи К - најверојатно пренесена во новиот свет од страна на Шпанците, и најверојатниот виновник за историската загуба на животи.

„Коколицтли е мистериозна историска епидемија, а низ годините голем број истражувачи шпекулирале за нејзиното предизвикување“, вели еден од истражувачите, физичарот-антрополог Кирстен Бос.

„Ова е првпат ДНК да идентификува патоген кандидат за тоа. Ова е суштински напредок во методите што ни се достапни како истражувачи на древни болести. Сега можеме да ги бараме молекуларните траги на многу инфективни агенси во археолошките записи, што е особено важно за типични случаи каде што причината за болест не е позната априори“, додава таа.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука