X
 19.01.2018 Технологија

Текстуална порака што може да ви ги уништи компјутерот и телефонот

telefon
Фото: Reuters

„Текстуални бомби“ можат да го паднат кој било ајфон или компјутер на „Епл“, барем така тврдат експертите од подрачјето на сајбер-безбедноста.

Сè што е потребно е на екранот да се прикаже текстуална порака што содржи линк со код, тврдат експертите. Кога ќе се случи тоа, и кога „Мак“ или „аЈос“ ќе примат таква порака, веднаш паѓаат.

Ова не е првпат да се открие чувствителност кај ајфоните на текстуална порака што би можела да предизвика проблеми. Иако проблемот не е безбедносен и не дозволува пристап кон ништо чувствително на телефонот, ниту пак го уништува уредот трајно, може да биде непријатен и да го загрижи секој што добил ваква порака.

Програмерот на софтвер Абрахам Масри на почетокот објавил линк со код на програмерската страница „Гитхаб“, но го отстранил, предупредувајќи ги во компанијата: „Реков што мислев. ’Епл‘ мора посериозно да ги сфати ваквите багови“.

Тој додал дека ја пријавил грешката во „Епл“ пред да ја објави и неговото отстранување значи дека злонамерните пораки не можат да бидат поврзани со него.

Од „Епл“ сè уште немаат дадено изјава за случајот. Недостатокот наречен „КејОС“, според експертите, е непријатен, но не и опасен.

Експертот Грахам Клулеј изјави дека баговскиот код „КејОС“ на „Епл“ уредите им задава еден вид „брејнсторм“ и ги „срами“ поради пораката што ја добиваат, па тие одлучуваат дека е најдобро нивниот систем да падне. За среќа, багот повеќе е пречка и не може да доведе до кражба на податоци од вашиот компјутер или мобилен телефон.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија