Писмото што една 83-годишна бабичка го испратила до нејзината пријателка може да ви заштеди години и години созревање и собирање важни животни пораки.
Прочитајте го, нема да зажалите...
„Драга Берта,
повеќе читам, а помалку бришам прашина. Седам во дворот и му се восхитувам на пределот, а плевелот во градината не ме нервира повеќе. Поминувам повеќе време со своето семејство и со пријателите, а помалку работам.
Кога е можно, животот треба да биде образец на пријатни искуства, а не на издржливост. Сега се обидувам да ги препознам таквите моменти и да ги ценам.
Не штедам на ништо – ги користиме кинескиот порцелан и кристалот за секоја посебна пригода, како, на пример, губењето еден килограм тежина, поправената машина за садови или првите расцветани ириси.
Го носам моето убаво палто кога одам на пазар. Според мојата теорија, ако изгледам успешно, тогаш можам да потрошам 28 долари на една мала кеса со прехранбени продукти. Не го штедам својот најдобар парфем за специјални пригоди, туку го користам за продавачите и службениците во банката.