X
 23.01.2018 Култура

Објавена е листа со најдобрите хумористични серии на сите времиња


Девојка со крпа на глава и на себе
(Фото: Youtube screenshot)



Посетителите на страницата Ranker ја одбраа најдобрата хумористична серија на сите времиња – „Пријатели“!

За победникот одлучија речиси 570 илјади гласа, кои ја поставија серијата „Пријатели“ убедливо на првото место. Таа се емитуваше од 1994 до 2004 година и многу брзо стана една од најпрепознатливите телевизиски серии.

Автори на оваа серија се Дејвид Крејн и Марта Кауфман, а улогите ги толкува Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Метју Пери, Лиза Кудроу, Мет Лебланк и Дејвид Швимер.

Според добиените гласови, втора најдобра серија на сите времиња е „Сајнфелд“, по што следуваат „Симпсонови“, „Кафулето Наздравје“, па „Бубалици“. На шестото место е серијата „Канцеларија“, седма е „Лудите седумдесетти“, потоа „MASH“, па „Како ја запознав мајка ви“ и на десеттото место – „Сите го сакаат Рејмонд“.

Ова не е прво вакво признание за серијата „Пријатели“. Во 2013 година таа се најде на врвот на листата на IMBD за најдобри серии на сите времиња.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура