X
 23.01.2018 Живот

Запознајте ги младите европски лидери, иноватори и визионерски претприемачи под 30 години

1
Фото: Levon Bliss

Магазинот „Форбс“ ги споделува претприемачките приказни на најуспешните луѓе под 30 години од Европа.

Уметност и култура: Негин, Мирсалехи, 29 години, Холандија

Основач на „Гисоу“ - пред две години Мирсалехи одбила 800.000 долари за амбасадорство за бренд од позната линија за нега на коса. Таа имала поголеми планови: да лансира сопствен финансиран бренд за нега на коса „Гисоу“ со производи инспирирани од историјата на нејзиното семејство како шеста генерација пчелари. Минатата година „Гисоу“ оствари 3 милиони долари од продажба, а таа продолжува да заработува 20.000 долари за спонзориран пост на „Инстаграм“ благодарение на нејзините 4,5 милиони следбеници.

Финансии: Викторија ван Ленеп, 28 години, Белгија

Коосновач,
„Лендабл“

Поранешните колеги од „Оксфорд“ - Ван Ленеп и Мартин Кисингер ја основале „Лендабл“, платформа за кредитирање што ги автоматизира кредитните одлуки и испорачува средства во период од еден час.

Индустрија: Ерик Гатенхолм, 28 години, Шведска

Коосновач, „Челинк

„Челник“ произведува мастило и печатачи за 3Д-печатење на човечки органи што се користат за медицински истражувања. Компанијата, вредна 140 милиони долари, обезбедува производи за над 40 земји низ светот.

Право и политика
: Вајчеслав Полонски, 28 години, Германија

Основач, „Авантгард аналитикс“

Роден во Украина и пораснат во Германија, Полонски, кој завршил студии на „Оксфорд“, ја основал компанијата по направениот истражувачки проект за неговите докторски студии. Истражувањето ги искористило социјалните медиуми за да го предвиди Брегзитот, еден месец пред да се случи.

Медија и маркетинг: Џејми Болдинг, 27 години, Велика Британија

Основач, „Џангл Криешнс“

Компанијата за маркетинг на социјалните медиуми „Џангл Криешнс“ создава видеореклами за клиенти како „Дизни“ и „Епл“, што довело до приходи од 13,5 милиони долари.

Малопродажба и е-трговија:
Сузи Ма, 29 години, Велика Британија

Основач, „Тропик Скинкер“


На 15 години Ма, која потекнува од Шангај, почнала да прави домашни производи за нега на кожата за да ѝ помогне на мајка си со финансиите. Подвигот ѝ помогнал во финансирањето на нејзиното школување и ѝ овозможил место во ТВ-шоуто „Апрентис“ како најмлад натпреварувач. Нејзината веганска линија за убавина „Тропик Скинкер“ сега може да се пофали со над 100 производи што генерираат приходи од 27 милиони долари.

Наука и здравство: Анаис Барут, 25 години, Франција

Коосновач, „Дамае медикал“

Барут ја основала „Дамае медикал“ во 2014 година како средство за борба против ракот на кожата, најчестата форма на рак.

Социјални претприемачи: Герт ван Вугт, 29 години, Холандија

Коосновач, „Састејнерс хоумс“

Градежната индустрија предизвикува една третина од глобалните емисии на СО2. Оваа компанија развила модуларен систем што дизајнира и конструира радикално одржливи домови.

Технологија: Оливер Длоух, 29 години, Чешка

Основач, Киви.ком

И покрај тоа што Оливер не завршил високо образование, ја создал платформата за резервации на летови за најевтини цена и ги комбинира летовите од превозници што обично не соработуваат едни со други.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот