X
 26.01.2018 Живот

Проф. д-р Елка Јачева-Улчар: Вака досега се почитуваше македонскиот јазик и никој не е казнет за ова



Илустративно, преку три фотографии, професорката д-р Елка Јачева-Улчар на социјалната мрежа Фејсбук објави статус:
„Еве, како досега се почитуваа и Уставот на Република Македонија и Законот за употреба на македонскиот јазик! И како никој не беше казнет за ова“.



Јачева-Улчар, заедно со 17 колеги од Институтот за македонски јазик и повеќе македонисти, јазичари и универзитетски професори веќе неколку месеци упорно го оспоруваат Законот за употреба на јазиците, кој на 11 јануари беше изгласан во Парламентот. Тие сметаат дека ваков закон не треба да се разгледува пред да не направи попис на населението во земјава.



Претседателот Ѓорге Иванов не го потпиша указот и со многу забелешки го врати во Собранието. Повторно ќе се најде во собраниска процедура идната недела.
Подготвил: В.И.И.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот