X
 30.01.2018 Живот

Која европска земја го има најдобриот здравствен систем и на кое место се наоѓа Македонија?

здравство

Македонското здравство се наоѓа на 22. место на листата на европски здравствени системи за 2017 година, објавена од Европскиот здравствен потрошувачки индекс.

На листата се наоѓаат 34 држави, а Македонија со 649 поени се најде пред земји како Малта, Ирска, Латвија, Полска, Унгарија, Литванија и Грција.

Индексот анализира дека здравството во Македонија било на врвот во 2014 година, кога се најде на 16. место со 700 поени, за разлика од 555 поени и 27. место во 2013 година. Поради овој напредок, Македонија ја доби наградата „ЕХЦИ ракета на сите времиња“, што значи дека ниту една друга земја не се искачила за 11 позиции за само една година.

Индексот забележува дека нашата земја имала извонредни резултати благодарение на електронското закажување на состаноците. Сепак, Индексот вели дека македонскиот здравствен систем е далеку од совршен, и има уште многу работа кога станува збор за резултатите од медицинските третмани.

Најдобар здравствен систем во Европа има Холандија со 924 поени. Оваа земја константно е меѓу првите три во вкупното рангирање на Европскиот индекс уште од 2005 година. Холандија доби највисоки поени во три супдисциплини од Индексот.

Веднаш зад неа се најде Швајцарија со 898 поени, Данска е на трето место со 864 поени, Норвешка заедно со Луксембург - на четврто место со 850 поени, Финска на шесто место со 842 поени, Германија на седмо место со 836 поени, Белгија на осмо место со 832 поени, Исланд на деветто место со 830 поени и првите десет ги заокружува Франција со 825 поени.

Кога станува збор за земјите од регионот, Србија се најде на 20. место, Хрватска на 26. место, Албанија 27. место, Црна Гора на 25. место и Словенија на 16. место.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот