X
 31.01.2018 Наука

Астрономите ја создадоа првата детална слика од површината на една џиновска ѕвезда

ѕвезда
Фото: ESO

Астрономите ја создадоа првата детална слика од површината на една џиновска ѕвезда, оддалечена околу 530 светлосни години и 350 пати поголема од нашето Сонце.

Различните бои на површината на ѕвездата соодветствуваат на различните температури. Ѕвездата ја нема истата површинска температура, а нејзината површина обезбедува единствени индиции за разбирање на нејзината внатрешност. Како што температурата паѓа и се зголемува, потоплите, потечни области добиваат посветли бои, додека постудените, погусти области добиваат потемни бои.

Меѓународниот тим на астрономи ја создаде првата детална слика на површината на гигантската ѕвезда наречена „Пи1 Гриус“. Оваа ѕвезда е црвен гигант што се наоѓа во последната поголема фаза од животот и личи на она што ќе стане Сонцето на крајот од својот живот, за 5 милијарди години.

Сликата открива кружна атмосфера без прашина со комплексни области на материјал што се движи, познати како конвекциски ќелии или гранули, според истражувањето објавено на 20 декември 2017 година.

„Конвекцијата, преносот на топлина поради големото движење на молекулите во гасовите и течностите, игра главна улога во астрофизичките процеси, како што се енергетскиот транспорт, пулсирањето и ветровите“, велат истражувачите.

Тие откриле дека површината на „Пи1 Гриус“ има само неколку конвективни ќелии и гранули што се на 120 милиони километри преку ѕвездата - околу една четвртина од дијаметарот на ѕвездата.

За споредба, површината на Сонцето содржи околу два милиона конвекциски ќелии, со типичен дијаметар од 1.500 километри. За истражувањето, тимот го искористил инструментот „ПИОНИЕР“ на големиот телескопски интерферометар во Чиле, за да ја набљудува ѕвездата. Ова е првпат да се создаде ваква џиновска ѕвезда со толкаво ниво на детали.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука