X
 01.02.2018 Образование

Македонија2025 доделува стипендии за извршни директори и менаџери на реномирана школа за бизнис во САД

Невладината организација Македонија2025 со гордост го објавува вториот отворен повик за Програмата за извршни директори – Зафировски, преку која се доделуваат стипендии за светски познатата школа за бизнис - Kellogg School of Management. Годинава за првпат се нудат стипендии за две различни програми -  Програма за развој на извршни директори и Напредна програма за менаџери.




Наставните програми се дизајнирани во чекор со постојаните предизвици и комплексноста на лидерството на извршните директори и менаџери. Тие ќе ги обноват и дополнат веќе стекнатите вештини на македонските професионалци и ќе придонесат кон понатамошниот развој на македонската економија и работна сила.

Повикот е отворен до 1-ви март 2018. Повеќе информации за критериумите и начинот на аплицирање може да најдете овде - http://www.macedonia2025.com/event/single/85.

За сите дополнителни прашања контактирајте нè на elena@macedonia2025.com.



Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование