X
 01.02.2018 Наука

Ново истражување ја поврзува човечката свест со закон што владее со универзумот


istrazuvanje

Нашиот вид одамна е во агонија поради концептот на човечката свест. Што точно ја предизвикува и зошто имаме развиено свест? Сега, ново истражување открива индиции во потрагата по одговорите и открива дека човечкиот мозок може да има многу повеќе заеднички работи со универзумот отколку што можевме да си замислиме.

Според тимот на истражувачи од Франција и Канада, нашиот мозок може да предизвика свест како несакан ефект од зголемувањето на ентропијата, процес што се одвива низ целиот универзум од Големата експлозија. Концептот на ентропија е малку збунувачки, а дефиницијата еволуира со текот на времето.

Во суштина, ентропијата е термодинамичка особина што се однесува на степенот на нарушување или случајност во системот. Може да се сумира како опис на прогресијата на системот од ред до нарушување.

Вториот закон за термодинамика вели дека ентропијата може да остане константна или да се зголеми во затворен систем - системот не може да се движи од висока до ниска ентропија без надворешно мешање. Чест пример што прикажува ентропија е топењето на мраз коцка - коцката е во состојба на ниска ентропија, но како што се топи, ентропијата се зголемува.

Многу физичари сметаат дека самиот универзум е во постојана состојба на зголемена ентропија. Кога се појавила големата експлозија „Биг бенг“, универзумот бил во состојба на ниска ентропија, но како што продолжувал постепено да се шири, растел во повисок ентропски систем. Врз основа на ова ново истражување, нашиот мозок може да поминува низ нешто слично, а свеста се чини дека е несакан ефект на процесот.

За да видат како концептот на ентропија може да се примени на човечкиот мозок, истражувачите ја анализирале количината на редот во нашиот мозок кога сме свесни споредено со тоа кога не сме. Тие го направиле тоа со моделирање мрежи на неврони во мозокот на девет учесници, од кои седум имале епилепсија.

Тие анализирале дали невроните осцилираат во фаза еден со друг како дека тоа ќе им каже дали мозочните клетки се поврзани. Тие ги споредиле набљудувањата кога пациентите биле будни, кога спиеле и кога пациентите со епилепсија имале напади.

Истражувачите откриле дека мозокот на учесниците покажува повисока ентропија кога е целосно буден. „Пронаоѓаме изненадувачки едноставен резултат: нормалната будна состојба се карактеризира со најголем број можни конфигурации на интеракции помеѓу мозочните мрежи, што ги претставуваат највисоките вредности на ентропијата“, пишува тимот во истражувањето.

Овој наод ги поттикна истражувачите да сугерираат дека свеста можеби е несакан ефект на еден систем што работи да ја максимира размената на информации. Со други зборови, човечката свест се јавува поради зголемена ентропија.

Додека теоријата на тимот е возбудлива и веројатно ќе доведе до понатамошни истражувања, истражувањето на потенцијалната врска меѓу човечката свест и ентропијата е далеку од конечно. Примерокот на истражувањето е исклучително мал, па затоа ќе треба да се повторат резултатите на поголеми групи и различни типови мозочни состојби. Сепак, ова дава фасцинантно објаснување за човечката свест и може да биде знак што на крајот ќе помогне целосно да го разбереме чудниот феномен.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука