X
 04.02.2018 Наука

Најголемото откритие на човештвото би можело да го наговести почетокот на крајот

Универзумот е голем и стар, а за еволуирање на животот на Земјата не било потребно многу долго време, па животот би требало да е насекаде во универзумот. А сепак, колку и да се трудиме тоа да го дознаеме, до сега не е забележан доказ за постоење на животот надвор од нашата планета.


Станува збор за парадоксот „Ферми“, кој е фасцинантен концепт. Има многу можни резолуции на парадоксот, но повеќето од нив се незадоволителни. Можно е да живееме во космичка зоолошка градина, или фундаментално да не разбираме колку ќе биде тешко да се патува на друга ѕвезда. Или можеби сме само првите животни форми во универзумот кои достигнале ниво на технологија со која може да се истражува универзумот. Но, колкави се шансите за тоа да е вистина? Многу мали.

Постои и идејата за „Големиот филтер“. Тоа е еден настан кој влијае на секоја интелигентна цивилизација, допирајќи ја да посегне во галаксијата, да испраќа сигнали и да истражува други светови. Земајќи го предвид податокот дека има шанси да станеме вид кој ќе го има на повеќе планети, концептот за „Големиот филтер“ станува дури уште повеќе вознемирувачки. Во продолжение погледнете го видеото, во кое подетално се објаснува за „Големиот филтер“.

Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука