X
 08.02.2018 Технологија

Пристигнуваат паметни телефони што ќе можат да се виткаат - што можеме да очекуваме од нив?

виктање
Фото: Profimedia

Во текот на оваа година конечно би можеле да го видиме „галакси екс“ на „Самсунг“. Еве што може да очекуваме од уредот со екран што се витка.

1. „Галакси екс“  би можел да понуди поголема површина на екран

Веќе подолго време се шпекулира дека уредот со екран што се витка би можел на корисниците да им понуди екран многу поголем од оној на денешните уреди. Многубројните прототипови и патенти на „Самсунг“ укажуваат дека би можеле да добиеме уред што се отвора и затвора како книга или бележник, два екрана што прикажуваат различна содржина.

2. Би можел да има вградена заштита за екранот

„Галакси екс“ би можел да има заштита за екранот ако екранот се затвора навнатре, во зависност од тоа каков материјал ќе се користи однадвор.

3. Би можел да биде поголем од денешните паметни телефони


Последните години сведоци сме на трката за создавање потенок и полесен паметен телефон. Тоа веројатно нема да биде случај со овој паметен телефон, кој би можел да биде подебел и потежок. Пример за тоа е „ЗТЕ Ексон М“ што е многу подебел од „самсунг галакси С8“.

4. Сигурно ќе биде скап

Паметните уреди со нови технологии на екрани обично се поскапи. Моделите на „Самсунг“ поскапеа кога добија искривен екран, како и оние на „Епл“ кога компанијата премина од ЛЦД на ОЛЕД.

5. Ќе имате проблем што сега е тешко да се предвиди

Новата технологија речиси секогаш започнува да создава проблеми кога производот што се користи ќе се најде на пазарот, а милиони луѓе добиваат можност да го користат. На екстензивното тестирање не може да се предвиди што на луѓето ќе им падне на памет и во какви ситуации ќе се најде екранот што може да се витка.

6. На почетокот ќе има ограничени можности

Слично како и искривените екрани, за екраните што се виткаат на почеток нема да има достапен широк спектар на функции и апликации. Првиот модел на „Самсунг“ веројатно ќе биде пуштен во продажба како пазарен прототип за оние што сакаат да ги испробаат новите технологии пред другите и потоа ќе се подобрува секој нареден модел. Слично направи во 2013 година со моделот „галакси раунд“, првиот обид за вградување искривен екран во паметен телефон.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија