X
 08.02.2018 Технологија

Студентската организација EESTEC LC Skopje организира семинар на кој студентите ќе можат да придонесат во процесот за прочистување на воздухот

EESTEC LC Skopje и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство - Скопје со гордост ви го најавуваат четвртото издание на интернационалната работилница “Code App, Level Up”.



Работилницата претставува интернационален семинар од едукативен и компетитивен карактер. Во ова издание на “CALU” ќе биде обработена тематиката „Општествено одговорни веб-страници“. Со учество на настанот, студентите би имале можност да развијат сопствена веб-страница која преку своите функционалности би му помогнала на општеството, како и на каузите за кои ќе биде наменета, како: вдомување на миленик, помош на социјално ранливи категории лица, помош на лица со посебни потреби, донирање средства за болни лица, донирање средства за лица што доживеале катастрофа од временски непогоди, заштита на околината во која живееме, прочистување на воздухот и подигање на свеста на загадувачите, глобално затоплување и слично. Воедно, семинарот е поддржан од апликацијата Мој Воздух.

Овој настан претставува одлична можност вашите знаења да ги проширите преку академскиот дел, како и практично да ја реализирате вашата тимска идеја за време на работилниците. Во текот на овие работилници би имале ментори од кои би можеле да побарате стручно мислење и помош при тешкотиите во реализацијата на веб-страницата.

На овој настан би добиле квалитетна обука во следните области:

- Дизајн на веб-платформа (Front-end) – каде што би се запознале со технологии кои се користат за дизајн на веб-страници, како што се: Bootstrap, Angular 2 и JavaScript.

- Развој на веб-платформа (Back-end) – каде што би се запознале со технологии кои се користат за развој на веб-страници, како што се: ASP.Net и Јava Spring.

Настанот ќе се одржува од 26 февруари до 3 март 2018 година. На семинарот ќе земат учество 12 странски студенти од држави од Европа и 23 студенти од техничкиот кампус при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Апликациите за учество на настанот се бесплатни и се отворени до 12.02.2018. Доколку сте заинтересирани, можете да се пријавите ТУКА.

Доколку сакате да знаете повеќе за настанот, посетете ја официјалната веб-страница на Code App, Level Up.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија