X
 09.02.2018 Живот

„Не е важно колку години останале во вашиот живот, туку колку животи останале во вашите години“

успех

Постојат некои реченици што остануваат вечно и може да се применат кај секого, без оглед на која возраст е.

- „Во само два збора можам да го сумирам сето она што сум го научил во животот: Животот продолжува“ - Роберт Фрост.

- „Животот се состои од околу 10 отсто од она што ни се случува и 90 отсто како одговарате на тоа“ - Лу Холц.

- „Нашата примарна цел во овој живот е да им помогнеме на другите. А ако не можеме да им помогнеме, барем да не ги повредуваме“ - далај-лама.

- „Многу од животните неуспеси доаѓаат од луѓе што не сфаќаат колку биле блиску до успехот кога се откажале“ - Томас Едисон.

- „Животот не е проблем што треба да се реши, туку реалност што треба да се искуси“ - Јакобус Јоханес Лиу.

- „Важна работа не треба да биде колку години останале во вашиот живот, туку колку животи останале во вашите години“ - Едвард Стиглиц.

- „Живееме од она што го добиваме, а си создаваме себеси живот од она што го даваме“ - Винстон Черчил.

- „Мојата животна мисија не е да преживеам, туку да напредувам; и тоа да го направам со малку страст, малку сочувство, малку хумор и малку стил“ - Маја Ангелоу.

- „Не сфаќајте го животот премногу сериозно. Никогаш нема да се извлечете живи од него“ - Елберт Хубард.

- „Секоја личност мора да го живее својот живот како модел за другите“ - Роза Паркс.

- „Мојата животна филозофија е да одлучиме што е тоа што сакаме да го реализираме во животот и потоа да работиме напорно за да ја реализираме таа цел, со што никогаш не губиме - и тоа како секогаш победуваме“ - Роналд Реган.

- „Животот не се врти околу тоа колку брзо трчате и колку високо можете да се искачите, туку колку сте добри во доскок“ - Вивијан Комори.

- „Секој живот се состои од грешки и лекции, чекање и напредување, практикување трпеливост и упорност“ - Били Грахам.

- „Оној што ќе престане да учи е стар, без оглед дали има 20 или 80 години. Оној што учи останува млад. Најдобрата работа во животот е да го одржувате умот млад“ - Хенри Форд.

- „Квалитетот на нечиј живот е правопропорционален со неговата посветеност да биде исклучителен, без оглед на областа од неговото дејствување“ - Винс Ломбарди.

- „Најважното и најупорното животно прашање: „Што правите за другите?“ - Мартин Лутер Кинг.

„Најголемата авантура што можете да ја искусите е да го живеете животот од вашите соништа“ - Опра Винфри.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот