X
 12.02.2018 Технологија

Светските лидери одлучија: Следниот чекор во вештачката интелигенција е проширени луѓе




Минатата недела владините лидери се сретнаа со експерти и иноватори пред Самитот на светската влада во Дубаи. Нивната цел? Да ја одредат иднината на вештачката интелигенција.

Овој настан ги привлече најголемите имиња во вештачката интелигенција. Репрезентативци од ОН, ОЕЦД, менаџери од „Мајкрософт“, „Фејсбук“, „Нест“, „Амазон“. Претставници на владите од Италија, Франција, Естонија, Канада, Русија, Сингапур, Австралија и ОАЕ. Списокот продолжува и продолжува.

Разговорот опфатил сè - од тоа колку време ќе биде потребно за да се развие чувствителна вештачка интелигенција до тоа како алгоритмите ја напаѓаат нашата приватност. За време на еден од најинтригантните делови, присутните дискутираа за најтешкиот начин на кој вештачката интелигенција треба да се искористи за корист на човештвото.

Одговорот на групата? Проширени луѓе.

На почеток може да звучи како храбар потег, меѓутоа, веќе долго време ја користиме вештачката интелигенција за проширување на нашата активност и проширување на нашата работа.

Се разбира, вештачката интелигенција се протега многу подалеку од дигиталниот свет. Земете ја за пример правната технолошка компанија „Логикс“, која користи алгоритми за автоматски да ги прегледува договорите. Ова им заштедува пари на клиентите, но вистинската корист за многу адвокати е заштедата на време.

Слично на ова, вештачката интелигенција станува непроценлив ресурс во медицината, без разлика дали помага во административните задачи и во сложеноста на документацијата или помага во третманите, па и во хируршките процедури. Неодамна, ФДА одобри алгоритам за предвидување на смртта.

Ова се примери за тоа како вештачката интелигенција веќе се користи за проширување на нашето знаење и нашата способност да бараме и да пронајдеме одговори кои го трансформираат начинот на кој работиме и го живееме животот.

Кога размислуваме за проширување на луѓето со помош на вештачката интелигенција, честопати мислиме дека нашите умови ќе бидат проширени слично како во научнофантастичните сценарија. Размислуваме за импланти на мозокот што ги носат луѓето во следната фаза на еволуција или слушалки што го преведуваат јазикот во реално време. Но во нашата возбуда и желба да го истражиме потенцијалот на новата технологија, често не сфаќаме дека веќе се наоѓаме на оваа патека.

Сепак, не можеме да ја игнорираме вистинската вредност на секојдневните системи на нашата сегашност. Овие системи, ако се целосно реализирани, можат да нѐ ослободат од залудно трошење време и да нѐ насочат кон задачи што ги сметаме за вредни.

Пред владите да почнат да го прошируваат човечкиот живот, ќе треба да добијат чувство за моменталната состојба на нивната нација.

Во наредните недели и месеци нациите од целиот свет ќе бидат охрабрени да го направат тоа. Откако нациите ќе разберат кон што оди патот, тие ќе ги споделат своите сознанија со цел да им помогнат на оние што стојат зад нив.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија