X
 14.02.2018 Живот

„Интернетот не смее да биде достапен за сите, ги уништува моралот и психата“

internet
Фото: Getty Images

Рускиот нобеловец Жорес Алферов апелира да се ограничи пристапот до интернет бидејќи постојаниот пристап до информации ги уништува моралните норми и менталното здравје на луѓето.

„Интернетот мора да има граници и не смее да биде достапен за сите“, вели Алферов и додава дека недостигот на контрола и рестрикција на интернетот може да влијае врз однесувањето на човекот и да го уништи јавно-прифатениот морал.

Неговата изјава е реакција на истражувањето што покажува дека две третини од возрасните Руси имаат профил на социјалните мрежи, а половина од популацијата секојдневно го ажурира својот профил. Најпопуларни мрежи во Русија се „Вконтакте“ и „Однокласники“. „Инстаграм“ се наоѓа на третото место.

Во истото интервју вели дека не очекува конфликт помеѓу човечката и вештачката интелигенција, но истакнува дека е погрешно целосно да ѝ се верува на машината.

Алферов е светски познат физичар, член на Руската академија на науките и добитник на Нобелова награда за физика во 2000 година.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот