X
 15.02.2018 Живот

Според науката, еве колку пари ви се потребни за да бидете среќни!

pari
Фото: Unsplash

Луѓето велат дека парите не можат да купат среќа, но да бидеме искрени, луѓето кажуваат многу работи - и не се секогаш во право.

Кога станува збор за приходот, научниците велат дека всушност постои идеална годишна сума што можеме да ја заработиме за да се чувствуваме емоционално задоволни - верувале или не, ако имате многу пари, може да се најдете во несреќна територија.

„Можеби изненадува, но постои одредена сума кога станува збор за тоа колку пари се потребни за среќа, меѓутоа, сега гледаме дека постојат одредени прагови“, објаснува психологот Ендру Т. Џеб од Универзитетот „Пурдју“.

Џеб и неговиот тим анализирале податоци од Светската анкета „Галуп“ спроведена на повеќе од 1,7 милион лица од 164 земји.

Кога ги испитувале одговорите на учесниците на прашања поврзани со задоволството и благосостојбата на животот, мерките за она што се нарекува субјективна благосостојба, откриле дека магичниот број за „заситување на приходот“ е глобален феномен, што варира значително низ светот.

„Откривме дека идеалната точка на приходот е 95.000 долари за животна евалуација (целокупно задоволство во животот) и од 60.000 до 75.000 долари за емоционална благосостојба (секојдневна среќа)“, вели Џеб.

„Повторно, оваа сума е за поединци и може да е повисока во семејствата“.

Животното задоволство чини 125.000 долари во Австралија, 105.000 долари во Северна Америка и 100.000 долари во Западна Европа, 70.000 долари во Југоисточна Азија, 45.000 долари во Источна Европа и 35.000 долари во Латинска Америка.

На глобално ниво, поевтино е задоволството на мажите (90.000 долари) од она на жените (100.000 долари), за луѓето со ниско образование (70.000 долари), умерено образование (85.000 долари) и високо образование (115.000 долари).

„Друг важен феномен во нашите податоци беше присуството на пресвртни точки на кои нивоата на приход по заситеноста забележаа доследно намалување на среќата“, објаснуваат авторите.

„Веќе некое време се шпекулираше дека многу високите приходи може да доведат до намалување на емоционалната благосостојба“, додаваат тие.

Авторите го откриле овој феномен во своите резултати, но забележале дека било очигледно само во смисла на евалуација на животот (не емоционална благосостојба) и е ограничено само на пет од девет региони што се земени предвид во истражувањето: Западна Европа/Скандинавија, Источна Европа/Балканот, Источна Азија, Латинска Америка/Карибите и Северна Америка.

Што се однесува до причината зошто моделот не е пронајден на друго место, не е познато, но истражувачите шпекулираат дека е поврзано со барањата што доаѓаат со повисоките плати.

„Теоретски, повисоките приходи не ја намалуваат емоционалната благосостојба, туку трошоците поврзани со нив. Високите приходи обично се придружени со високи барања (време, работа, одговорност и така натаму), што исто така може да ги ограничат можностите за позитивни искуства (на пример, забавни активности).
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот