X
 15.02.2018 Здравје

Земји со најдобар систем за здравствена заштита - на кое место е Македонија?

zdravstvo

Лондонскиот институт „Легатум“ ја објави годишната листа со најпросперитетни земји во светот. Индексот на просперитет се одредувал врз основа на 104 варијабли, како традиционални вредности, економија, стапка на вработеност, а еден од најважните критериуми била и здравствената нега во секоја од земјите, па врз основа на тоа е извлечена посебна листа.

Погледнете ја листата со земји што имаат најдобар систем на здравствена заштита.

19. Велика Британија -
британскиот национален здравствен систем е можеби еден од најсјајните дијаманти на круната на кралицата. И покрај тоа што националниот здравствен систем е во постојан конфликт со политиката, Британците и понатаму имаат бесплатно здравствено осигурување.

18. Франција - просечниот животен век на Французите е 83 години. Не е само до виното и квалитетното сирење, има нешто и во здравството.

17. Нов Зеланд -
една од физички најактивните земји во светот, а просечниот животен век е 81 година.

16. Шпанија -
земјата со најголем број доктори по глава на жител, дури четири доктори „покриваат“ илјада луѓе.

15. Јужна Кореја
- бесплатното здравствено осигурување го користат 97 отсто од населението.

14. Финска - земја која има најголема доверба во своето здравство.

13. Катар -
најдобрите здравствени стандарди на Блискиот Исток.

12. Германија -
и покрај љубовта кон пивото и колбасите, Германците се едни од најздравите луѓе во Европа со просечен животен век од 81 година.

11. Белгија
- задолжително здравствено осигурување за сите нејзините граѓани.

10. Австралија - убавото време во Австралија ѝ обезбеди статус на една од најздравите нации на планетата. Просечниот животен век е околу 83 години, што ја става на 4. место на листата со најдолговечни земји.

9. Хонг Конг -
11 приватни и 42 државни болници кои им служат на „само“ 7,2 милиони луѓе.

8. Холандија -
три години по ред Холандија е прва на листата со најдобри здравствени системи во Европа.

7. Норвешка
- здравственото осигурување е бесплатно за децата под 16 години, но возрасните плаќаат. Ова е држава која најмногу пари вложува во системот за здравствена заштита.

6. Шведска - мажите во Шведска го заземат четвртото место на најдолговечни припадници на посилниот пол на листата со светски нации со просечен животен век од 80 години.

5. Австрија -
здравственото осигурување чини 25 евра месечно.

4. Јапонија -
жителите на оваа земја имаат најдолг животен век на планетата, 84 години. За жал, тоа предизвикало демографски промени во земјата бидејќи нацијата нагло старее.

3. Швајцарија -
богата, убава и неверојатно здрава! Сè што се бара од една држава. Здравственото осигурување е универзално, а сите граѓани имаат можност за доплата за одредени видови услуги.

2. Сингапур - ако просечниот живот е 83 години, тогаш тоа доволно зборува за здравството во оваа земја.

1. Луксембург - Оваа богата држава се најде на првото место на најдобрите здравствени системи во светот со просечен животен век од 82 години.

Кога станува збор за Македонија, од вкупно 149 земји, во однос на системот за здравствена заштита нашата земја се најде на 75. место.

ТУКА можете да ја погледнете целата листа.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје