X
 16.02.2018 Живот

Ако сакате да работите како дегустатор на чоколадо, сега е вашата шанса!

чоколадо
Фото: iStock

Ако сакате чоколадо, со оваа работна позиција ќе ви плаќаат за да го јадете.

Сопственикот на „Кадбури“, „Орео“ и „Милка“ моментално има потреба од пополнување на три позиции за дегустатор на чоколадо, како и за позицијата дегустатор на чоколадни пијалаци и пијалаци од какао.

Ќе ви биде платено околу 10 евра на час и ќе бидете дел од таканаречениот „Сензор панел“, кој ги дегустира производите (читајте: јаде чоколадо) и дава повратни информации за вкусот.

Заедно со другите 11 члена на панелот и лидерот на панелот ќе работите во сензорни кабини и соби за дискусии, споделувајќи го вашето мислење и вкусот со останатите.

„Мондалез интернешнл“, компанијата под која се брендовите, ги бара следните услови за идните работници:

- Страст за благото и вкус што може да открива;
- Искреност и објективност кога станува збор за давање мислење;
- Подготвеност да пробате нови и инвентивни производи;
- Комуникативна личност за градење одлични односи со персоналот.

Ако ја сакате работата, тогаш може да аплицирате ТУКА.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот