X
 22.02.2018 Образование

Конференција на Природно-математичкиот факултет: Како до подобро образование по математика и по природни науки?

Целта на конференцијата е во време на чести реформи во образованието, преку предавања, излагања, дискусии, да се изведат заклучоци за состојбите во образованието, за потоа тие да се искористат за подобрување на идните стратегии и правци за претстојните промени.



Одделенски наставници, наставници по природни науки, математика, физика, хемија, биологија во основните и во средните училишта, универзитетски наставен кадар, директори на училишта, советници, инспектори, како и државни службеници од надлежните институции за образование на 23 и 24 март ќе дебатираат на „Конференција за образованието по природни науки и математика“ што ќе се одржи на Природно-математичкиот факултет.
Тема на конференцијата се наставните планови и програми, современи методи и техники во наставата, образовни стандарди, учебници и литература, истражувања во образованието, воннаставни активности, доживотно учење и професионален развој, вреднување на постигнувањата на учениците и наставниците, лабораториски активности и практична работа, образовна технологија, меѓупредметна корелација.



Целта на конференцијата е во време на чести реформи во образованието, преку предавања, излагања, дискусии, да се изведат заклучоци за состојбите во образованието, за потоа тие да се искористат за подобрување на идните стратегии и правци за претстојните промени.
Преку предавања на поканети предавачи од регионот, усни презентации, тркалезна маса и дискусија, очекувањата се учесниците да се запознаат со добри практики во регионот, да се согледаат сите добри страни и недостатоци на образованието по природни науки и математика во Македонија.
- Врз основа на излагањата на учесниците на собирот и зборникот на трудови што ќе биде издаден, да се донесе заклучок за потребите, предизвиците, формите и правците каде треба да се насочиме при реформите во образованието по природни науки и по математика – велат организаторите.
Конференцијата е во организација на Природно-математичкиот факултeт при УКИМ и Друштвото на физичарите на Македонија (ДФРМ), а во соработка со Сојузот на математичарите на Македонија (СММ). Настанот е поддржан и од Министерството за образование и наука (МОН), Бирото за развој на образованието (БРО), како и издавачката куќа „Арс Ламина публикации“.
Подготвил: M.A.M

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование