Градоначалникот Арбен Таравари
Гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари во наредните девет месеци не смее да разрешува и назначува директори на основните и на средните училиштата во градот, соопшти Министерството за образование и наука. Решението е донесено за да се овозможи непречено вршење на работите од областа на основното и средното образование во Гостивар, откако Државниот просветен инспекторат изврши инспекција. Сите надлежности во наредните девет месеци ќе ги преземе МОН.
Образложението за одлуката
- Решението е донесено во согласност со Законите за основното и средното образование. МОН го одзема вршењето на работите кои со закон се утврдени како надлежност на општината доколку и покрај укажувањата и преземените мерки и активности, органите на општината не го обезбедат извршувањето на работите кои со закон се утврдени како нејзина надлежност и за чие извршување одговорна е општината – велат од МОН.