X
 22.02.2018 Живот

Совети од милионер: „Наследството, највисокиот степен на образование и IQ не се важни кога станува збор за заработка“


Стив Сиболд, милионер
(Фото: Youtube printscreen)


Авторот на книгата „How rich people think“, Стив Сиболд, e милионер кој богатството го стекнал сам. Тој интервјуирал повеќе од 1.200 најбогати луѓе на светот и ги споделува своите сфаќања во врска со парите:

„Пред околу 6 месеци со мојата жена одлучивме да го промениме живеалиштето. Подготвувавме некои работи, и кога едно утро влегував во автомобилот, тројца работници застанаа и зјапаа во мене. Застанав и прашав дали е сè во ред. Еден од нив ми рече: ’Не е фер. Имаш преубава куќа и добар автомобил, а ние сме овде заглавени работејќи тешка физичка работа за нешто повеќе од минималец‘.

Им пријдов. Долго разговаравме. Им кажав дека животот не ми бил секогаш олку добар и дека во еден момент должев 50.000 долари, не знаејќи како да се извлечам. На крај зборувавме повеќе од еден час за тоа дека е сосема возможно да се збогатиш. Се ракувавме, а тие ми се заблагодарија за советите...

А еве кои совети им ги кажувам на сите:

1. Во економијата на слободниот пазар секој може да заработи онолку пари колку што сака;

2. Наследството, највисокиот степен на образование или коефициентот на интелигенција не се важни кога станува збор за заработка;

3. Најбрз начин да заработите пари е да решите некој проблем. Колку поголем е проблемот, толку повисока ќе биде заработката;

4. Не слушајте ги хејтерите кои ви зборуваат дека животот е борба и дека треба да бидете задоволни и благодарни со тоа што го имате;

5. Секогаш очекувајте и работете на тоа да заработите што повеќе пари;

6. Престанете да се плашите и напуштете го „скромниот“ начин на размислување. Почнете на парите да гледате како на сите добри нешта: слобода, можности, шанси...

7. Да се биде богат не е привилегија. Да се биде богат е право. Ако правите голема вредност за другите, имате право да бидете богати;

8. Не чекајте да стигне вашиот воз. Нема да бидете откриени, спасени и никој нема да ве направи богати. Ако сакате пари, изградете ја пругата за вашиот воз. Никој нема да дојде да ве спаси.

9. Престанете да се грижите дека ќе ги потрошите парите и фокусирајте се на тоа да заработите повеќе. Константната грижа за пари не е начин да се живее животот;

10. Престанете да си велите себеси дека збогатувањето е процес кој е надвор од ваша контрола. Вистината е дека заработката на пари е ’внатрешна работа‘.“ 
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот