X
 23.02.2018 Технологија

Дарко Панчевски за новото работно место во Скопје Сити Мол: Ако сте креативни, оригинални и немате трема, пријавете се за влогер

За да конкурира некој на огласот - влогер на Сити Мол, потребно е заинтересираните учесници да снимат свое видео CV да го аплоудираат и да го постираат со хаштаг на фејсбук страницата на Скопје Сити Мол, вели Дарко Панчевски од маркетинг секторот на Скопје Сити Мол


Дарко Панчевски

Влогер. И не е грешка во буквите. Професијата е токму влогер, а работното место - официјален влогер на трговскиот центар Скопје Сити Мол. Што треба да поседувате како кандидат за да го добиете ова работно место? Според Дарко Панчевски од маркетинг секторот на Скопје Сити Мол, треба да бидете блогер кој своите единствени ставови и перспективи ги пренесува преку видео формат.
- Самото видео дозволува поголема креативност: музика, монтажа, жива слика, а сето тоа придонесува гледачот повеќе да се забавува. За да конкурира некој на огласот - влогер на Сити Мол, потребно е заинтересираните учесници да снимат свое видео CV да го аплоудираат и да го постираат со хаштаг на фејсбук страницата на Скопје Сити Мол – објаснува Панчевски.


Панчевски: Кандидатот треба да му се допадне на жирито, но и на публиката

Потребно е идниот влогер да биде оригинален, креативен, да ѝ се допадне на публиката, но и на жири комисијата, вели тој. Треба да успее да ги помине сите задачи кои во текот на сите потесни селекции и да освои најмногу бодови.
На прашањето каков одзив очекува на повикот за новото работно место, Панчевски вели:
- Оваа работа е доста специфична, бара многу креативност и талент, а отсуство од трема. Очекуваме да се пријават сите кои ќе се пронајдат, но очекуваме огромен број на гледачи кои ќе ја следат кампањата и ќе учествуваат во процесот на избор – вели тој.


Селекцијата можете да ја следите преку Фејсбук

Селекцијата може да се следи преку фејсбук страницата на Скопје Сити Мол, но во подоцнежните кругови и преку разните дигитални форми во трговскиот (дисплеите низ холовите, кино проекциите и на другите локации), јутјуб каналите, радио станиците и ред други канали на комуникација.


Победникот ќе биде вработен во Скопје Сити Мол

Интересно е што влоглерот-победник навистина ќе биде вработен во Сити Mол, регулирано со авторски договор, бидејќи влогерот е ангажиран како лице кое ќе ги промовира кампањите и активностите во Скопје Сити Мол.
- Многу интересно, но си носи свои одговорности и секако придобивки. Официјалниот влогер ќе потпише едногодишен договор со Скопје Сити Мол, ќе има место во нашите канцеларии и ќе биде прифатен како наш колега, а ќе треба на редовна основа да продуцира интересни видеа со различни теми, а сите снимени се разбира во Сити Мол. Го очекува буквално работа од соништата со многу бенефиции како кино карти за сите премиери, ваучери за облека, хонорари и слично. Сè на сè, тој буквално ќе биде лицето на молот и првиот човек кој на социјалните мрежи ќе ги анимира нашите фанови.

ЛИНК до ОФИЦИЈАЛНИОТ ПОВИК

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија