X
 23.02.2018 Економија

Кадарот во градинките доби трајни решенија за работа, обезбедени се 486 вработувања на неопределено време

Обезбедена е согласност од Министерството за финансии и за нови 260 вработувања на неопределно време. За таа цел се обезбедени дополнителни средства со Буџетот за 2018 година во износ од 70.000.000 денари.



Кадарот во градинките кој работеше на определено време, ќе добие решенија за трајно вработување. Министерството за труд и социјална политика денеска извести дека 226 работни места во детските градинки, на кои повеќе години се вработувал кадар на определено време, се конечно сигурни.

- Обезбедивме согласност од Министерството за финансии за вработувања на неопределено време на 226 работни места во јавните установи за деца-детски градинки, за трајно испразнети работни места, a кои тековно биле пополнувани со вработувања на определено време. Со овој чекор МТСП ја прекинува долгогодишната состојба на несигурност и неизвесност кај вработените во градинките, но и кај децата и родителите – соопштија од министерството.

Обезбедена е согласност од Министерството за финансии и за нови 260 вработувања на неопределно време. За таа цел се обезбедени дополнителни средства со Буџетот за 2018 година во износ од 70.000.000 денари.
Министерката Мила Царовска, во интервју за Факултети.мк вети дека во градинките веќе нема да има вработувања на определено време, систем кој според неа, е воспоставен од претходната власт за да ги држи под контрола вработените. Таа вети трајни вработувања после февруари, како и нови вработувања во следните неколку години за да се надомести недостатокот од 2.000 лица.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија